УРУГВАЈЦИТЕ САКААТ ЗАЕДНИШТВО ЗА ВРЕМЕ НА МУНДИЈАЛОТ

КОГА ЌЕ ИГРА УРУГВАЈ: Нема „школо"

Вториот најголем универзитрет во Уругвај одлучи да ги сопре сите активности во моментите кога националниот тим на оваа земја ќе ги игра своите мечеви на Светското првенство во РУсија.

објавено: 12 јуни 2018 - 21:45

На тој начин студентите ќе може да ги следат сите натпревари на „урусите" кои ги играат против Египет, Саудиска Арабија и Русија.

Вицеректорот на Католичкиот универзитет, испрати известување до 10.000 студенти за тоа дека наставата ќе биде запрена во деновите кога уругвајската репрезентација ќе игра на Мундијалот.
Вели дека универзитетот мора да обрне внимание на реалноста.

„Главната мисија на училиштетот е дека студентите мораат да бидат свесни за реалноста која не опкружува, но и со академскиот дух исто така да учествуваат во заедницата. Евидентно е дека спортот, а особено фудбалот, елемент кој нè дефинира нас Уругвајците, и дека тој носи единство на народот кое денеска е вистинска реткост"- напиша вториот човек на оваа високообразовна институција, Алваро Пачеко.

Помалку и на шега, во писмото до студентите Пачеко порача дека се надева на пласман на Уругвај во следниот круг од натпреварите, како и тоа дека на 15.јули, кога се игра големото финале на СП наставата нема да биде откажана.
Јасно и поради што – се паѓа во недела.

Најново во Меѓународен Фудбал