ИТАЛИЈАНЕЦОТ НЕ ГО МЕНУВА МИСЛЕЊЕТО

КОЛИНА: Може и без ВАР, време е за промени, но...

Од овој месец Пјерлуиџи Колина повеќе не е прв човек на УЕФА задолжен за судиите, а одлуката да ја напушти таа висока функција, како што вели, била исклучиво негова...

објавено: 15 август 2018 - 21:30

„Никој не ми кажа да дадам отказ. Поточно, од УЕФ ми рекоа да ја преиспитам одлуката и да го променам мислењето. Го повлеков тој потег затоа што сметам дека е вистинско време за промени" – вели легендарниот поранешен италијански судија во интервју за „Газета дело спорт".

Темата во интервјуто, која не се заобиколува е прашањето за ВАР системот,кој е се позастапен на европскиот континент.

Еден од најдобрите судии на сите времиња во светот смета дека технологијата и не е толку потребна на таков висок степен. Но и дека судиите не сакаат да бидат критикувани поради грешките.

„Не мислам дека нема иднина без ВАР, но исто така живееме во време во кое скоро се е поставено на база на технологијата. Во минатото, технологијата не беше на ова ниво. Сега, од ден на ден напредува со голема брзина. Јасно е дека ниту еден судија не сака да прави грешки и да биде критикуван поради тоа. Мораме да бидеме отворени за промени затоа што на крајот единствено важен е резултатот" - заклучува 58. годишниот „ќелавко".

За потсетување, ВАР системот се користи во скоро сите посилни лиги во Европа, со исклучок на Англија, а неодамна беше употребуван и на Мундијалот во Русија.

Најново во Меѓународен Фудбал