ТОА Е БОЛЕН МОМЕНТ

КОНЕЧНО: Далиќ откри зошто никогаш нема да гледа снимка од финалето

„Останувам на тоа дека снимката од натпреварот никогаш нема да ја гледам. Едноставно, тоа ми е болно. Не можам да го гледам тој пенал и сето останато. Потоа оној пенал кој нè пресече, а бевме подобри" - откри Далиќ.

објавено: 28 септември 2018 - 13:40

Најдобриот играч на светот според изборот на ФИФА, Лука Модриќ со селекцијата на Хрватска на СП во Русија го освои второто место. На доделувањето на наградите присуствуваше и селекторот на „коцкастите" Златко Далиќ, кој го искоментира овој избор.

„Лука Модриќ го заслужи тоа, ова е негова година, зема се што може да се земе. А се надевам дека и на 3. декември во Париз ќе ја земе и Златната топка. Логично е да ја земе и таа награда оради се што направи"- рече Далиќ.

А кога ја превземаше наградата Модриќ кажа само една реченица. Дека би ги сменил сите индивидуални признанија во истиот момент кога би му било овозможено да ги замени со златото од Мундијалот.
Селекторот Далиќ сеуште не ја погледнал снимката од фианлето во Русија, а како што неодамна изјави – нема да го стори тоа никогаш.
Долго време им беше потребно на новинарите да дознаат зошто е тоа така.

„Ги видов головите на доделувањето на наградите кога ги прикажуваа. Но останувам на тоа дека снимката од натпреварот никогаш нема да ја гледам. Едноставно, тоа ми е болно. Не можам да го гледам тој пенал и сето останато. Потоа оној пенал кој нè пресече, а бевме подобри" - откри Далиќ

Најново во Меѓународен Фудбал