ЌЕ СТАРТУВА ПО МУНДИЈАЛОТ ВО РУСИЈА

КРАЈ ЗА ФИФА ЛИСТАТА: Ело методот ќе се применува и во фудбалот!

Советот на ФИФА донесе одлука да го отфрли постоечкиот систем на рангирање на националните тимови, и наместо тоа да се воведе еден специјален метод.

објавено: 11 јуни 2018 - 18:30

Листата на ФИФА веќе долго време беше на удар поради нереалните коефициенти и можностите системот да се „надмудри" со закажување на пријателски средби надвор од термините на ФИФА.
Воведен во 2006 година, досегашниот систен е одговорен за нелогичностите, како на пример местото на Швајцарија меѓу носителите за СП 2014 година или што истото на овој Мундијал го има Полска, а не и Шпанија.
Нереално малата разлика во коефициентот во регионите, создаде друг голем проблем, затоа што некои послабо рангирани европски селекции со закажување на поголем број на мечеви со оние од Океанија и други значително послаби конфедерации, успеваа да освојат голем број на бодови и да се поместат на табелата, иако во оние натпреварувачки мечеви не им одеше како што посакуваа.
Со оглед на тоа дека сојузите-федерациите не кршеа ниту едно правило, нема(ше) основ за казнување, па ФИФА мора(ше) да направи нешто со системот.

Според новиот систем, наместо досегашните месечни листи, промените на рејтингот ќе бидат познати веднаш по завршување на секој натпревар, со што се елиминира можноста некој со поголем или помал број на пријателски натпревари да манипулира со својот скор.
Ело подразбира збирот на двата тима да остане ист, т.е. за секој бод во меѓусебниот дуел кој го освои една екипа, нејзиниот ривал да загуби исто толку.
Точниот број на бодови зависи од неколку фактори, вклучително релативната силина.
На пример, за победата над Боливија (5:1), Србија добива 14. бодови, за триумфот над Австрија (3:0), Бразил добива шест, додека пак „минималецот" против Саудиска Арабија на Германците имаат еден бод (поразените селекции загубија исто толку бодови).
Ело методот ги измисли Арпад Ело, американски профсор со унгарско потекло, првобитно за креирање на рејтинг листи во шахот. ФИДЕ е неговиот систем, кој е веќе десет години е користен во САД.
Првата листа по новиот систем ќе бид еобјавена на крајо тна Светкиот Куп во Русија кој почнува во четврток.

Најново во Меѓународен Фудбал