ПОСЛЕ ПОБЕДАТА ВО ЧЕТВРТОКОТ НАД МАРСЕЈ (2:1)

Лацио е само четвртиот клуб со 100 голови во Лига Европа

„Небесно-сините" со триумфот над францускиот клуб успеаја да обезбедат пласман во 1/16 финалето на фудбалската ЛЕ.

објавено: 9 ноември 2018 - 09:30

Лацио на својот „Олимпико" со 2:1 славеше над Марсеј и воедно одбележа јубилеј во второто по ред најквалитетно европско натпреварување.

Римскиот клуб е само четвртиот кој дојде до бројката од 100 голови во Лига Европа, после Виљареал, Салцбург и Атлетик Билбао.

Значи, исклучувајќи ги квалификациските кола, овие голови се земени само од мечевите во групната фаза до финалето.

Најново во Меѓународен Фудбал