Италијанскиот тим нема да ја мине групната фаза

ЛЕ: Интер „прокоцка“ победа и се збогуваше од нокаут фазата (ВИДЕО)

Калчолигашот и покрај водството од 0:2 на полувремето на крајот му дозволи на тимот од Израел да се врати и направи пресврт од 3:2. Со овој пораз „нероаѕурите" ги изгубија сите шанси за пласман во елиминациите

објавено: 24 ноември 2016 - 21:00

По којзнае кој пат фудбалерите на Интер испуштија сигурно водство и победа во изминативе години. Калчолигашот и покрај тоа што водеше со 2:0 на гостувањто кај Хапоел Бер Шева, на крајот изгуби со 3:2 со што се „зебетонира" на последното место во групата К . Со овој пораз, „нероаѕурите" стигнаа до останаа на три бода,

Интер одигра одлично прво полувреме и со головите на Икарди (13') и Едер (25') замина на пауза со убава залиха. Но, во продолжението следеше нов пад во играта, а тоа го искористија домашните кои најпрвин намалија преку Маранхао во 58. минута. Голманот Хандановиќ во 71 минута недозволено стартуваше над противничкиот играч, при што доби втор жолт картон и мораше предвремено да го напушти теренот. Сигурен реализатор на казната беше Нвакаеме. Комплетен шок приреди Сахар кој во судиското продолжение по еден контра напад погоди за 3:2.

Со овој успех Хапоел сега стигна до седум бодови и е на делба на второто место со Саутемптон. изненадувачки Спарта Прага е убедливо прва со 12 поени и сигурен пласман во елиминациите.

ЛИГА НА ЕВРОПА
Астана – АПОЕЛ 2:1
Фенербахче – Зорја 2:0
Габала – Андерлехт 1:3
Ајакс – Панатинаикос 2:0
Селта Виго – Стандард 1:1
Фиорентина – ПАОК 2:3
Гент – Брага 2:2
Хапоел Бер Шева – Интер 3:2
Краснодар – Салцзбург 1:1
Либерец – Карабаг 3:0
Шалке – Ница 2:0
Шахтјор – Конјаспор 4:0
Спарта Прага – Саутемптон 1:0
Стеауа – Османлиспор 2:1
Цирих – Виљареал 1:1

 

Најново во Меѓународен Фудбал