ПОЗНАТ ЦЕЛИОТ РАСПОРЕД ЗА ГРУПНАТА ФАЗА 2018/2019

Лига Европа: Елмас почнува од „Максимир“, Николов дома со БАТЕ!

Македонските интернационалци со своите клубови ќе се обидат да стигнат што подалеку во новата натпреварувачка сезона во второто по квалитет најдобро европско фудбалско натпреварување.

објавено: 2 септември 2018 - 10:40

Како и во Лигата на шампионите, така и во Лига Европа натпреварите ќе се играат во два термини од 18:55 и 21:00 часот.

Првото коло од групната фаза во ЛЕ е закажано за 20. септември, Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака (Кипар) ќе стартуваат во групата А во Никозија против швајцарскиот Цирих.

Потоа, во групата Д имаме интересен дуел помеѓу Динамо Загреб и Фенербахче на стадионот „Максимир". Во составот на турската екипа се очекува да биде Елиф Елмас, а како што е веќе најавено Аријан Адеми поради повреда ќе паузира еден месец и Хрватите нема да можат да сметаат на услугите на нашиот репрезентативец.

Во групата Е Стефан Ристовски со Спортинг во Лисабон ќе го пречекаат претставникот на Азербејџан, Карабах со почеток од 21:00 часот на стадионот „Жозе Алваладе". А унгарскиот тим на МОЛ Види на Бобан Николов дома ќе игра со белорускиот БАТЕ од 18:55 часот на „Групама Арена" во Будимпешта.
Големото финале ќе се одигра на 29. мај 2019 година на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан.

Лига Европа

1. коло (20. септември, четврток)

Група А: АЕК Ларнака-Цирих (21:00), Лудогорец-Баер Леверкузен (21:00)
Група Б: Селтик-Розенборг (21:00), Лајпциг-Салцбург (21:00)
Група Ц: Славија Прага-Бордо (21:00), Копенхаген-Зенит (21:00)
Група Д: Динамо Загреб-Фенербахче (21:00), Спартак Трнава-Андерлехт (21:00)

Група Е: Арсенал-Ворскла (21:00), Спортинг Лисабон-Карабах (21:00)
Група Ф: Олимпијакос-Бетис (21:00), Дуделанж-Милан (21:00)
Група Г: Виљареал-Ренџерс (18:55), Рапид Виена-Спартак Москва (18:55)
Група Х: Лацио-Аполон (18:55), Марсеј-Франкфурт (18:55)

Група И: Генк-Малме (18:55), Бешикташ-Сарпсборг (18:55)
Група Ј: Акхисар-Краснодар (18:55), Севиља-Стандард Лиеж (18:55)
Група К: Динамо Киев-Астана (18:55), Рен-Јаблонец (18:55)
Група Л: МОЛ Види-БАТЕ (18:55), ПАОК-Челзи (18:55)

ЦЕЛИОТ РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЛИГА ЕВРОПА (2018/19) МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најново во Меѓународен Фудбал