Францускиот тим со победа на пенали

Лион го преживеа „пеколот“ со Бешикташ и ја комплетираше завршната четворка во ЛЕ (ВИДЕО)

Францускиот тим го победи Бешикташ со 7:6 по изведувањето на пеналите и со тоа е последниот патник во полуфиналната фаза од Лигата на Европа

објавено: 20 април 2017 - 23:57

Екипата на Лион е последниот патник во полуфиналето од Лигата на Европа. Францускиот колектив беше подобар по изведувањето на пеналите против Бешикташ. Откако мечот во регуларните 90, односно 120 минути заврши 2:1, победникот мораше да се решава од белата точка.

Интересно е што првите шест изведувачи од двете екипи беа прецизни, а прв промаши Душко Тошиќ од екипата на Бешикташ. Но, на сличен начин му возврати капитенот на Лион, Кристоф Жале. Сепак, хрватскиот дефанзивец од домашниот тим, Матеј Митровиќ беше „прочитан" од голманот Лопез.

 

Победата за Лион ја донесе Максим Гоналон. По непријатните сцени на првиот меч во Франција, домашната публика и покрај елиминацијата на својот тим, на крајот ги испрати актерите со громогласен аплауз.

Со пласманот на Лион, комплетирана е завршната четворка во Лигата на Европа. Во полуфиналето од претходно се Селта Виго, Манчестер јунајтед и Ајакс.

Најново во Меѓународен Фудбал