ПО СЕДНИЦАТА НА ИК НА УЕФА

Лион ќе биде домаќин на финалето на ЛЕ во 2018

Францускиот град Лион ќе биде домаќин на финалето од Лигата на Европа следната сезона, објави УЕФА по состанокот на Извршниот комитет на куќата на европскиот фудбал

објавено: 9 декември 2016 - 20:26

„Парк ОЛ“, стадионот со 59.286 седишта, беше отворен за Евро 2016 година, каде што беше домаќин на шест натпревари. Во последните три години шпанската Севилја ја освојуваше ЛЕ, а оваа година финалето ќе се оддржи во Солна, Шведска.

Во другите одлуки на Извршниот комитет на УЕФА, кој имаше состанок во Нион, меѓу најважната беше промената на коефициентот на клубовите, отстранувајќи ги 20 отсто кои се сметаа од коефициентот на националната асоцијација, со што клубовите ќе бидат рангирани само според својот успех.

Шампионите на нациите кои ќе бидат елиминирани во квалификацииите за Лигата на шампионите ќе имаат шанса да се квалификуваат во Лигата на Европа преку посебни квалификации за шампионите.

УЕФА исто така потврди дека ја отвара кандидатурата за Евро 2024 со можност за заедничко кандидирање. Домаќините ќе бидат одредени во септември.

Најново во Меѓународен Фудбал