по втор пат по ред...

Македонија дел од Интернационалниот проект "ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО"

Оваа година, проектот "Фудбал за Пријателство 2018" на Компанијата "Газпром" ќе обедини деца од 211 земји и региони

објавено: 20 март 2018 - 18:39

Новата, шестта сезона на проектот "ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО" (Football for Friendship) официјално беше отворена со одржување на "Отворена Ждрепка" во Москва.

"Фудбал за Пријателство" е Интернационална Детска Општествено-Одговорна Програма имплементирана од Компанијата "Газпром" – официјален партнер на ФИФА и Светскиот куп Русија 2018. Цел на оваа програма е вклученост на младите генерации ширум светот преку промовирање на најважните човечки вредности меѓу нивните врсници - пријателство, еднаквост, мир и почит кон различни култури и националности. Оваа година, вкупно 211 земји и региони се приклучија кон проектот "Фудбал за Пријателство 2018". Главните настани од оваа сезона ќе се одржат во Москва, Русија, во период од 8. до 15. јуни, 2018 година.


Вкупно 32 Интернационални Тимови на Пријателство беа формирани во текот на "Отворената Ждрепка", во чии рамки беа определени и позициите за Младите фудбалерски играчи – Амбасадори од секоја од земјите учеснички (голман, дефанзивец, играч од среден ред или напад). Тимовите се креирани според принципите на "Фудбал за Пријателство", односно деца - фудбалери од различни националности, различен пол и со различни физички способности, на возраст од 12 години, ќе играат заедно во еден тим. Сите играчи во Интернационалните мешани тимови на Пријателство ќе бидат тренирани од страна на Млади Тренери - фудбалски играчи на возраст од 14 до 16 години од различни држави. Повеќе од 5.000 медиуми ширум светот ќе ги пренесуваат програмските настани, а покрај нив за проектот ќе се известува и од Интернационалниот детски прес центар "Фудбал за Пријателство", кој се состои од млади 12-годишни новинари од 211 земји и региони. Националната селекција за учесници во проектот кои ќе станат Млади Амбасадори на мирот, пријателството и еднаквоста во нивните држави е веќе започната низ целиот свет. Македонија, втора година по ред, ќе учествува со свои претставници во рамки на проектот "Фудбал за Пријателство", локално поддржан од агенцијата "АПРА Портер Новелли Македонија".
Овие 32 тима ќе се натпреваруваат во рамки на Светското првенство на Фудбал за Пријателство кое ќе се одржи на 12. Јуни, 2018 година. Ден по турнирот, Младите Амбасадори ќе се сретнат на најважниот настан во сезоната - Шестиот Интернационален Детски Форум "Фудбал за Пријателство", каде ќе разговараат за начините на промовирање на клучните вредности на програмата низ целиот свет. За време на Интернационалниот камп за Пријателство, Младите Фудбалски Играчи, под водство на Младите Тренери и под надзор на познати фудбалери ќе учат за клучните вредности на Фудбал за Пријателство во рамки на Училиштето за Деветте Вредности. Обединетите Нации (ОН) оваа иницијатива ја сметаат за уникатна едукативна програма.

Како еколошка иницијатива, во рамки на овогодинешната сезона на "Фудбал за Пријателство", сите 32. Интернационални Тимови за Пријателство се именувани по животни од загрозен вид од сите континенти во светот. Младите амбасадори на "Фудбал за Пријателство" од различни држави учествуваа на церемонијата на Отворената ждребка: Захар Бадјук (Русија), Рункуи Чуи (Кина), Хуан Мануел Пинола Силвеира (Уругвај), Лилија Мацумото (Јапонија), Ананја Камбоџ (Индија) и Кристофер Соуах Менсах (Гана).
Претседателот на Одборот на Директори на А.Д. "Газпром", Г-дин Виктор Зубков (Victor Zubkov), Генералниот секретар на ФИФА, Г-ѓа Фатма Сaмоура (Fatma Samoura) и легендата на светскиот фудбал Г-дин Марко ван Бастен (Marco van Basten) им се обратија на учесниците со зборови на поддршка за програмата "Фудбал за Пријателство".

"Шестата сезона од Интернационалната Општествено-Одговорна програма за деца 'Фудбал за Пријателство' е официјално отворена. За прв пат, млади спортисти од целиот свет каде што се игра фудбал ќе се сретнат на ист терен. Живееме во време каде што луѓето од целиот свет се обидуваат да се обединат зад принципите на еднаквоста и почита за еден кон друг. Овој проект е клучен елемент во рамки на овој процес. 'Фудбал за Пријателство' ја дава таа можност на секого." - нагласи г-дин Виктор Зубков, Претседател на Одборот на Директори на А.Д. "Газпром".

"Навистина ни е драго што ја поддржуваме оваа уникатна иницијатива на нашиот ФИФА партнер – Газпром. Форумот е совршен пример за тоа како фудбалот може да се искористи за отворање на вратите за девојчиња и момчиња со различно потекло, мисија која ФИФА активно ја поддржува." - изјави г-ѓа Фатма Самоура.

"Учествувајќи во Интернационалната Општествено-Одговорна програма за деца 'Фудбал за Пријателство' на Газпром, ќе запознаете пријатели од целиот свет, ќе научите повеќе за еднаквоста и праведноста – вредности кои се многу важни за ФИФА. Финалниот настан од шестата сезона ќе се одржи во Москва за време на Светскиот куп Русија 2018. Се надевам дека ќе се сретнеме таму и ви посакувам голема среќа." – изјави Марко ван Бастен.

Најново во Меѓународен Фудбал