ПО ОСВОЈУВАЊЕТО НА ТРОФЕЈОТ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Манчестер Јунајтед доаѓа во Скопје!

Во финалето, во Стокхолм, англискиот гигант со 2:0 го победи Ајакс и со тоа обезбеди место во Суперкупот на Европа

објавено: 24 мај 2017 - 22:40

Најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед на 8 август ќе игра во Скопје. „Црвените ѓаволи“ ќе бидат дел од Суперкупот на Европа, кој ќе се игра на арената „Филип Втори“, откако во финалето на Лигата на Европа го совлада тимот на Ајакс.

Со освојувањето на пехарот во второто по ранг натпреварување на УЕФА, Манчестер во Скопје ќе го чека подобриот од финалистите во Лигата на шампионите, Реал Мадрид или Јувентус.

Во финалето во Стокхолм, Манчестер поведе со голот на Пол Погба во 18 минута, а триумфот го потврди Мхитарјан во 48 минута.

Со триумфот во ЛЕ, избраниците на менаџерот Жозе Мурињо се изборија за настап во квалификациите за Лигата на шампионите за следната сезона.

 

Најново во Меѓународен Фудбал