ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Манчестер Јунајтед ја „доби“ Селта, Ајакс со Лион

Во првите мечеви од полуфиналето, на 4. мај Селта ќе го дочека Манчестер Јунајтед, а Ајакс во Амстердам ќе му биде домаќин на Лион. Една недела подоцна, на 11. мај се реванш-дуелите по кои ќе ги добиеме двата финалисти.

објавено: 21 април 2017 - 13:19

Најголемиот фаворит за освојување на Лигата на Европа, Манчестер јунајтед го доби шпанскиот тим Селта Виго за полуфинален противник во ова натпреварување. Англискиот гигант, кој целосно се насочи кон ЛЕ ќе има незгодна задача, но, важи за апсолутен фаворит, особено поради фактот што реваншот се игра во Манчестер.

Далеку поинтересен и понеизвесен ќе биде вториот двомеч меѓу Ајакс и Лион. Холандскиот гигант игра во полуфинале на едно натпреварување по пауза од две децении, а на патот кон пласманот во финалето ќе им стои Лион, кој вчера успешно го мина Бешикташ на пенали.

Првите средби се закажани за 4. мај, додека реваншите се предвидени за седум дена подоцна.

Најново во Меѓународен Фудбал