Имаат амбиции и во ЛЕ, иако очекуваа настап во ЛШ

Манчини: Вардар има одлична одбрана и ќе биде тврд орев

Роберто Манчини има мака со офанзивниот дел во играта на Зенит, екипата нема постигнато гол над 200 минути, а наспроти рускиот состав, утре во Скопје ќе биде вардаровиот бедем. Одбрана што тешко прима голови, а домаќините ќе сакаат нов подвиг против реномираниот руски состав, што има и европска титула од 2008 година, кога го освои УЕФА купот

објавено: 13 септември 2017 - 18:47

Роберто Манчини има мака со офанзивниот дел во играта на Зенит, екипата нема постигнато гол над 200 минути, а наспроти рускиот состав, утре во Скопје ќе биде вардаровиот бедем. Одбрана што тешко прима голови, а домаќините ќе сакаат нов подвиг против реномираниот руски состав, што има и европска титула од 2008 година, кога го освои УЕФА купот.

„Сите кои дојдоа во Скопје се подготвени за игра, а Паредес и Шатов се повредени и затоа останаа во Санкт Петербург. Вардар има солиден состав, а одлична им е одбраната и се добри во транзиција. Ги анализиравме и знам дека ова ќе биде тежок меч. Немаме посебен проблем со нападот, иако знам дека не сме постигнале гол долго време. Таков е фудбалот, а Зенит има доволно офанзивни решенија.Воопшто не ни се намалени амбициите, иако сакавме да играме во Лигата на шампионите. За Зенит голем предизвик се и настапите во Европа Лигата“, изјави Манчини на средбата со новинарите во Скопје.

Мечот со Вардар, премиерен за двете екипи во Л групата ќе се игра од 21,05 часот утре на „Филип Втори“ арената.

Најново во Меѓународен Фудбал