„ГАУЧОСИТЕ" МОРА ДА СЕ ПОПРАВАТ ВО РУСИЈА

МАСКЕРАНО ИСКРЕНО: Да му помогнеме на Меси, па да си заминам

Соиграчот на Лионел Меси во Барселона најави дека Мундијалот во Русија ќе биде неговата последна репрезентативна активност со Аргентина.

објавено: 12 октомври 2017 - 22:30

Следното лето ќе биде, многу извесно, и последно репрезентативно за Хавиер Маскерано. Централниот дефанзивец на Барселона признава дека по Мундијалот во Русија ќе стави крај на настапите за селекцијата на Аргентина.

Маскерано, кој има 33 години, беше дел од составот на „гаучосите" кој стигна до планираната цел, победа над Еквадор (3:1) и пласман на Светското првенство следната година.
А пред да ја заврши репрезентативната кариера, вели дека сака да им помогне на соиграчите, и во тимот на Аргентина, но и оној во Каталонија.

„За многумина приказната би можела да биде готова. Но благодарение на Господ, за нас не е. Ако се изборам за место во тимот за Русија тоа ќе биде крај. Лионел Меси и мајстор на оваа игра и има способност да ги решава работите. Се надевам дека можеме да му помогнеме во Русија. Уживавме со него и сега мораме да му помогнеме. Во прашање е Мундијалот, сите се сеќаваме како игравме во Бразил, па сега мораме да се погрижиме за овие седум -осум месеци да бидеме во најдобра форма" - порача Маскерано по успешно завршената работа во овие, за нив и тоа како турбулентни, квалификации.

Најново во Меѓународен Фудбал