ЈОКОХАМА ГО ДОГОВОРИ „ДЕДОТО НА СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ“

ЈАПОНСКА УПОРНОСТ: Мијура ќе игра и на 50 години

Јапонецот ги поместува сите фудбалски граници...

објавено: 11 јануари 2017 - 17:15

И тоа го дочека светскиот фудбал.

Јапонскиот напаѓач Казијоши Мијура ќе игра фудбал иако влезе и во педесеттата година од животот. 

Мијура, кој важи за еден од најголемите фудбалери во историјата на Јапонија, потпишал нов, едногодишен договор со екипата на Јокохама.

На 26. февруари Мијура ќе наполни точно 50. години.

„Се надевам дека ќе продолжам да се борма со сите мои сили, и заедно со овие луѓе кои се поврзани со клубот, со соиграчите и со навивачите кои секогаш ми даваа подршка“ - истакна Мијура.

Ова ќе му биде 32 година во професионалниот фудбал на Мијура кој е најстариот стрелец во историјата на домашната лига бидејжи во текот на ланската сезона, со наполнети 49. години, ја погоди противничката мрежа.

Овој најискусен фудбалер на светот, својата долга кариера во Бразил, во екипата на Сантос, а играше и за Џенова, односно Динамо од Загреб.

Во Јокохама стигна во 2005 година со 38. години.

А сега ќе игра и со педесет, што повеќе да се коментира за оваа негова одлука.

Типично јапонски!

Најново во Меѓународен Фудбал