Едно големо дерби

Милан против Арсенал дерби во осминафиналето во Европа Лигата

Милан и Арсенал ќе го играат дербито во осминафиналната пресметка во Европа Лигата, одреди денешната ждрепка во Нион. Стефан Ристовски, единствениот македонски фудбалер што ќе игра во следната нокаут фаза во ова натпреварување ќе патува за Чешка, бидејќи Спортинг за противник ја доби Викторија Плзен

објавено: 23 февруари 2018 - 13:22

Милан и Арсенал ќе го играат дербито во осминафиналната пресметка во Европа Лигата, одреди денешната ждрепка во Нион. Стефан Ристовски, единствениот македонски фудбалер што ќе игра во следната нокаут фаза во ова натпреварување ќе патува за Чешка, бидејќи Спортинг за противник ја доби Викторија Плзен.

Интересно ќе биде и на двомечот меѓу Марсеј и Атлетик Билбао, Лајпциг и Зенит...

Двојки, осминафинале во Европа Лигата:

Лацио - Динамо Киев, Лајпциг - Зенит, Атлетико Мадрид - Локомотив Москва, ЦСКА Москва - Лион, Марсеј - Атлетик Билбао, Спортинг - Плзен, Борусија Дортмунд - Салцбург, Милан - Арсенал.

Првите меќеви ќе се играат на 8.март, а реваншите се една седмица подоцна.

Најново во Меѓународен Фудбал