ИМА ДА БИРА, И ТОА ДУРИ 35.ФУДБАЛЕРИ...

МОЌЕН Е БРАЗИЛ: Имаат 18 сигурни за Мундијалот, слободни се само уште пет места

На 14. мај, селекторот на „кариоките" Тите ќе го обави и конечниот список...

објавено: 19 април 2018 - 21:55

Селекторот на Бразил, Тите, ги одреди 18.сигурни патници за Русија, тврдат добро упатените во оваа „проблематика", како на пример "Глобоеспорте".

Тоа всушност значи дека на оној првичен список од 15.фудбалери додадени се уште тројца„ спокојни".
Станува збор за голманот на Манчестер Сити, Едерсон, играчот од средниот ред на Шахтјор, Фред, и офанзивецот на Јувентус, Даглас Коста.
Значи остануваат само уште пет слободни места како би се комплетирал конечниот список од 23. фудбалери.
За истите наводно конкурираат дури 18. играчи кои се надеваат на скапоцениот биле за заминување на претстојниот Мундијал.

Од тие пак пет места, едно е резервирано за трет голман, а Тите ќе бира помеѓу Нето од Валенсија и Каси од Коринтијанс, а сигурен избор е Алисон од Рома.
Две места се загарантирани за резервни бекови, линија во која сигурни се Марсело и Дани Алвеш.
Фелипе Луиз од Атлетико Мадрид е повреден, инаку ќе беше кај „сигурните" за Русија , а тука се уште и Алекс Сандро, Рафиња, Данило и Вагнер.

Со оглед на тоа дека само Алекс Сандро е лев бек, и тој е скоро виден патник за СП.
Затоа пак потполна непозната претставува фактот кои ќе бидат последните двајца на списокот на Тите кој во овој момент има три стопери на располагање: Миранда, Маркињош Тијаго Силва. А ако повика уште некој, ќе бира помеѓу Жеромел од Гремио, Жил од Шандонг и Родриго Кај од Сао Паоло.

Меѓу оние 18 сугурни во средниот ред се: Каземиро, Фернандињо, Паулињо, Фред и Ренато Аугусто, додека пак во нападот нема дилеми кај Нејмар, Габриел Жесус, Вилијан, Фирмињо и Даглас Коста.
Делува дека најблиску до повик е Артур Мело од Гремио односно Тајсон од Шахтјор, но тоа допрва останува да се види. Односно да се почека до 14. мај кога Тите ќе го каже завршниот збор.

 

Најново во Меѓународен Фудбал