Некогашниот соиграч го надигра по завршувањето на мечот

Му фаќаат сеир на Кокорин - Риков му го „украде“ дресот

Александар Кокорин не е во добра форма, а Зенит не може да постигне гол повеќе од 200 минути, па случката по мечот со Динамо Москва кога напаѓачот беше насамарен од противнички играч наиде на потсмев на социјалните мрежи  

објавено: 12 септември 2017 - 11:55

Александар Кокорин не е во добра форма, а Зенит не може да постигне гол повеќе од 200 минути, па случката по мечот со Динамо Москва кога напаѓачот беше насамарен од противнички играч наиде на потсмев на социјалните мрежи.

„Вечната“ надеж на рускиот фудбал како што го нарекуваат Кокорин се пожали дека по мечот му го дал дресот на Владимир Риков, како размена, но стоперот на Динамо му побегнал. Шпицот на Зенит остана без дрес, а навивачите се шегуваат дека „како игра и не му треба дрес“.

„Му го дадов и мојот дрес и тој на Артем Ѕјуба, а Риков си побегна и останавме без дресови“, се пожали Кокорин.

На социјалните мрежи веднаш почнаа да му фаќаат сеир, а една од пораките е „да си го чува повеќе дресот, а помалку да мисли на противничкиот гол“.

Интересно е што Кокорин претходно играше токму во Динамо Москва и му беше соиграч на Риков, кој си го насамари пријателот, веднаш по ремито, 0:0.

Најново во Меѓународен Фудбал