ПРЕД МЕЧОТ НА МАНЧЕСТЕР НА ГОСТИ КАЈ АНДЕРЛЕХТ

Мурињо: Играме во Лигата на Европа и никој не смее да нè критикува

„Црвените ѓаволи“ се први фаворити за трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА

објавено: 13 април 2017 - 19:00

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо вели дека неговиот тим нема намера да се откаже од трката за четвртото место во англиската Премиерлига. Тоа  последната позиција која води место во Лигата на шампионите за следната сезона. 

Втора опција за Манчестер да се надева на место во елитната лига за следната сезона е преку настпите во Лигата на Европа. Победникот во второто по ранг натпреварување во Европа обезбедува директно место во елитата. 

„Се додека постои можност, нема причина за загриженост. Дури и ако испаднеме од трката за Топ 4 во Англија, имаме шанса преку Лигата на Европа. Затоа никој не смее да нè критикува. Се додека имаме шанси, ќе се бориме за место во Топ 4“, рече Мурињо.

Мачнестер вечерва од 21:05 часот игра на гости кај Андерлехт, во четвртфиналето од Лигата на Европа. Тоа е прва средба од оваа фаза. Освен овој дуел, вечерва играат уште и Ајакс - Шалке, Селта Виго - Генк и Лион - Бешикташ. 

Најново во Меѓународен Фудбал