МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД СЕ СПАСИ ОД РЕЗИЛ ПРОТИВ АНДЕРЛЕХТ

Мурињо: Некои играчи уште ја немаат заслужено мојата доверба

Англискиот гигант благодарение на голот на Маркус Рашфорд победи со 2:1 против белгискиот тим

објавено: 21 април 2017 - 08:02

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо може малку да стивне, откако неговиот тим, потешко од очекуваното се пласираше во полуфиналето од Лигатана Европа. англискиот гигант се намачи и на крајот по 120 минти на „Олд Трафорд“ го елиминираше Андерлехт. 

Португалскиот стратег беше незадоволен од играта на дел од играчите, велејќи дека не ја заслужиле неговата доверба, иако речиси една цела сезона е дел од тимот. Мурињо единствено од што беше задоволен е тоа што неговиот тим продолжи во следната фаза.

„Мислам дека имавме 17 шута кон голот на Андерлех, од кои 10 беа прецизни и одеа кон голот на гостите. Сепак не треба да се гледа статистиката, бидејќи мечот беше тежок. Имавме контрола на играта, но секогаш е ризик кога е 1:1. Ја контролиравме играта и беше прашање на време кога ќе дадеме гол. Рашфорд е фантастичен играч, но нема дадено гол многу оддамна. Од септември нема погодено, но јас имам доверба во него. За разлика од Маркус, некои играчи ја немаат заслужено мојата доверба“, рече Мурињо. 

Манчестер денеска треба да го добие противникот во полуфиналето од Лигата на Европа, каде останаа уште и Селта Виго, Ајакс и Олимпик Лион. 

Најново во Меѓународен Фудбал