АРГЕНТИНЕЦОТ „МАГНЕТ“ ЗА ТРОФЕИ

На Диего Симеоне му недостасува уште еден пехар да го мине Арагонес

Актуелниот тренер на Атлетико се израмни со легендарниот Арагонес со по шест трофеи

објавено: 17 мај 2018 - 16:00

Со освоениот пехар во Лигата на Европа вчера, Диего Симеоне стана легенда на Атлетико Мадрид. Тој се израмни со рекордерот по бројот на освоени трофеи Луис Арагонес, и сега двајцата имаат по шест титули. 

Симеоне на клупата на Атлетико засега има освоено два пехари во Лигата на Европа, 1 Супер-Куп на Европа, 1 шампионски пехар во Шпанија, еден Куп на Шпанија, и еден Супер-Куп на Шпанија. Доколку дојде до следен пехар (прв предизвик ќе му биде Супер-Купот на Европа), тогаш ќе го мине Арагонес, и ќе избие на првото место на вечната листа. 

Аргентинецот веќе седма година е дел од Атлетико. Со него тимот доживеа вистинска ренесанса. Покрај овие два трофеи, екипата играше и две финалиња во Лигата на шампионите, кои ги загуби од својот градски ривал Реал Мадрид. Првиот во Лисабон по продолженијата, и вториот во Милано по изведувањето на пеналите пред две сезони. 

Најново во Меѓународен Фудбал