ЏАНИ ИНФАНТИНО ПОДГОТВУВА ВИСТИНСКА ФУДБАЛСКА РЕВОЛУЦИЈА

На Мундијалот во 2026 - 16 групи, со 48 репрезентации!?

Според пишувањето на АФП, дефинитивната потврда за зголемување на бројот на учесници на Светските првенства би можела да биде однесена на наредниот конгрес на ФИФА закажан во јануари во Цирих.

објавено: 7 декември 2016 - 20:00

Џани Инфантино подготвува револуција во поглед на најголемото фудбалско натпреварување - Светското првенство.

Претседателот на ФИФА избран во текот на февруари оваа година после смената на Сеп Блатер, од доаѓањето во фотељата на најмоќен човек во светот на фудбалот, постојано заговара зголемување на бројот на учесници на Светските првенства. А судејќи според сознанијата на агенцијата АФП, тоа би можело да биде и реализирано веќе наредниот месец.

Оваа француска новинска агенција јавува дека Инфантино предложил на Мундијалот во 2026 година да учествуваат дури 48. репрезентации. А интересно е дека тие би биле поделени во 16 групи, составени од по три претставници.

Како што неофицијално се дознава, од секоја од овие 16 групи понатаму би се пласирале двете првопласирани репрезентации, а понатаму оние 32 селекции би влегле во нокаут фазата.

Првите информации велеа дека бројот на учесници нема драстично да биде и зголемен. Односно дека таа бројка не би требало да биде поголема од 40 репрезентации. Но очигледно е дека Инфантино се одлучил да ги има двојно повеќе во однос на досегашните, како на пример за време на Светскиот Куп 1998 година во Франција кога бројот на учесници беше зголемен на 32.

На првиот Мундијал, оној одржан во Уругвај во 1930 година, заиграа 13. репрезентации. На следниот во Италија, играа 16. Или бројка кој со мали измени, беше оддржана се до Светското првенство во Шпоанија во 1982 година, кога беше зголемена на 24.

И официјално, првиот човек на светскиот фудбал оваа „револуција“ ја поставил на „дневен ред“ на Конгресот на ФИФА кој ќе се одржи на 9 и 10. јануари наредната година во Цирих. 

Засега, ниту една земја официјално не соопштила дали ќе се кандидира за домаќинство на ова првенство. Но неофицијално се дознава дека како заинтересирани се јавуваат Канада, Мексико, САД, Колумбија, Австралија и Нов Зеланд, но и земји како Мароко, Казахстан, Азербејџан и Турција.

Најново во Меѓународен Фудбал