Знаат како да играат во мечевите на одлука

НЕВЕРОЈАТНИТЕ ШПАНЦИ: Уриваат се пред себе во финалињата

Клубовите од Иберискиот Полуостров доминираат во Европа во последните 15. години...

објавено: 5 мај 2018 - 11:30

Фактите го говорат тоа. Клубовите кои се со „потекло" од Шпанија се најуспешните во изминатите петнаесетина години, тука нема дискусија.
И погледот на она што го реализирале шпанските клубови во последно време, влева дополнителна стравопочит.
Ако се тргне од денешнината, факт е дека во двата големи натпревари кои ги организира УЕФА, и ова лето ќе има тимови од Шпанија.

Реал Мадрид ќе ја брани титулата во Лигата на Шампионите. На 26.мај во Киев го чека дуелот со Ливерпул.
Нешто порано пак Атлетико Мадрид ќе проба против францускиот Марсеј (финалето се игра на 19. Мај во Лион) да ја освои и по трет пат во последните десет години, Лигата на Европа (поранешен Куп на УЕФА).
Неверојатен е податокот дека од сезоната 2001/2002, шпанските клубови имаат вкупно 16. европски трофеи во двете конкуренции Лигата на Шампионите и УЕФА Европа Лигата.
Но и тоа дека досега не загубиле ниту едно големо финале (12-0 против тимовите кои се надвор од Иберискиот Полуостров), додека пак во четири ситуации во финалињата се среќавале две екипи од оваа земја.
Доколку Реал и Атлетико ја оправдаат улогата односно статусот на фаворити во финалињата кои следуваат во текот на месецот, тоа ќе им бидат 17, односно 18. шпански трофеј од 2002 година, а скорот ќе биде поместен на (14-0).
А некои велат дека Премиер лигата е најдобрата на светот?

РЕЗУЛТАТИ НА ШПАНСКИТЕ КЛУБОВИ ВО ЕВРОПСКИТЕ ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 2002 ДО 2018 ГОДИНА
01/02 (Лига на Шампиони) Реал Мадрид – Баер Леверкузен 2:1
03/04 (Куп УЕФА) Валенсија – Марсеј 2:0
05/06 (Куп УЕФА) Севиља – Мидлсборо 4:0
05/06 (Лига на Шампиони) Барселона – Арсенал 2:1
06/07 (Куп УЕФА) Севиља – Еспањол 3:2
08/09 (Лига на Шампиони) Барселона – Манчестер Јунајтед 2:0
09/10 (Европа лига) Атлетико Мадрид – Фулам 2:1
10/11 (Европа лига) Атлетико Мадрид – Атлетико Билбао 3:0
10/11 (Лига на Шампиони) Барселона – Манчестер Јунајтед 3:1
13/14 (Европа лига) Севиља – Бенфика 1:0
13/14 (Лига на Шамиони) Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 4:1
14/15 (Лига на Шампиони) Барселона – Јувентус 3:1
14/15 (Европа лига) Севиља – Дњипропетровск 3:2
15/16 (Европа лига) Севиља – Ливерпул 3:1
15/16 (Лига на Шампионите) Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 2:1
16/17 (Лига на Шампионите) Реал Мадрид – Јувентус 4:1
17/18 (Лига на Шампионите) Реал Мадрид – Ливерпул ?
17/18 (Европа лига) Атлетико Мадрид – Марсеј ?

 

Најново во Меѓународен Фудбал