СУДИЈАТА НЕ „ГО ВИДЕ“ МОМЕНТОТ НА ГЛУМА

НЕВИДЕНО СИМУЛИРАЊЕ: И се разбира - ПЕНАЛ! (ВИДЕО)

Кога би се делеле Оскари за најдобра глума во светот на фудбалот, извесно е дека оваа сезона апсолутен победник во категоријата „изнудување на удар од 11. метри“, би бил Жан Мененесес, играч од средниот ред на чилеанскиот Универзидад де Концепсион...

објавено: 20 март 2018 - 21:20

На првенствениот натпревар против екипата на Коло Коло, во 85.минута од играта, при резулчтат (1:1), срамотно одглуми прекршов во казнениот простор. 

За работата да биде уште „подобра“, судијата испадна доста наивен. „Падна“ на овој акт на симулација, односно на глумата на домашниот фудбалер, и досуди најстрога казна од која подоцна Универзидад направи целосен пресврт, односно победи со резултат (2:1)

„Некогаш треба да го искористиш фактот дека одбраната не смее да ги допре напаѓачите во казнениот простор. Малку си дозволив да паднам, и испадна добро“ - се правдаше Мененсес по завршувањето на натпреварот. 

Најново во Меѓународен Фудбал