ОТКАКО ПРЕДВРЕМЕ ГО НАПУШТИ ТЕРЕНОТ ПРОТИВ АНДЕРЛЕХТ

НЕЗГОДНА ПОВРЕДА: За Ибрахимовиќ заврши сезоната? (Видео)

Најдобриот играч на Манчестер Јунајтед лошо доскокна и го повреди десното колено

објавено: 21 април 2017 - 07:30

Манчестер јунајтед може скапо да го плати пласманот во полуфиналето во Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ дури по 120 минути на „Олд Трафорд“ го победија Андерлехт. Најпрво поради повреда, уште во 23 минута од игра излезе Маркос Рохо, а потоа се повреди и најдобриот играч на тимот. 

Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ го повреди коленото, откако незгодно доскокна во противничкиот шеснаесетник. На Златан му беше укажана помош, но потоа беше решено дека не може да продолжи. Со болна гримаса, голгетерот на Манчестер замина од теренот. 

Според некои прогнози, ова за Ибра ќе значи и крај на сезоната, бидејќи може да мирува подолг период.

Најново во Меѓународен Фудбал