Челзи минимално славеше и во 2. коло во ЛЕ

Николов и Видеотон тесно поразени во Лондон

објавено: 4 октомври 2018 - 22:56

Тесна победа од 1:0 за големиот фаворит Челзи во мечот од 2. коло на Лигата на Европа против Видеотон на нашиот Бобан Николов. „Сините“ од Лондон победија со едиствениот гол на Мората во 70. минута, а за унгарскиот преставник нашиот интернационале ги одигра сите 90 минути. За Челзи ова беше втора победа во групата, додека Видеотон и Николов го претрпеа и вториот пораз во групната фаза.

Меѓу поатрактивните дуели вечерва за издвојување е и пресметката меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Лацио, каде германскиот бундеслигаш славеше со убедливи 3:1, а гостите од Рим средбата ја завршија со два црвени картони. Финалистот, пак, од минатата година, Олимпик Марсеј, одигра нерешено (2:2) на гостувањето на Кипар против екипата на Аполон. 

До крај неизвесно и богато со погодоци беше на дуелот во Москва меѓу екипите на Спартак и Виљареал. Русите водеа се до 95 минута од мечот со 3:2, но гостите со гол о дпенал преку Казорла се изборија за реми.

Најново во Меѓународен Фудбал