Одличен штос на Швеѓаните

Оригинален поздрав од Остерсундс за Арсенал - Подготвени сме, Ве чекаме со нови соблекувални

Остерсундс е хит во Европа, со игрите во Европа Лигата ги освојуваат симпатиите, а имаат и оригинален дух, па ги поздравија своите ривали од Англија, претставниците на Арсенал со оригинална порака

објавено: 12 февруари 2018 - 20:05

Остерсундс е хит во Европа, со игрите во Европа Лигата ги освојуваат симпатиите, а имаат и оригинален дух, па ги поздравија своите ривали од Англија, претставниците на Арсенал со оригинална порака.

Првиот меч од нокаут фазата во ЛЕ Остерсундс и Арсенал го играат во Шведска, а по стравувањето на „топчиите“ дека студот ќе им биде главен проблем, одговор стаса од таборот на Остерсундс.

„Подготвени сме за вас. Да не заборавиме да ви ги покажеме нашите нови соблекувални“, напишаа на клупскиот твитер налог.

Интересно е што Остерсундс е основан како клуб на 31. октомври во 1996 година, само неколку недели по именувањето на Арсен Венгер за менаџер на Арсенал. Мечот се игра од 19 часот во четврток.

Најново во Меѓународен Фудбал