Ги собраа сите симпатии, а имаат и играч за аналите во ЛЕ

Палестинците се гордеат со него - Аиш му даде историски гол на Арсенал (Видео)

Шведскиот клуб Остерсундс ги собра симпатиите на неутралните фудбалски фанови, одигра одличен циклус во Европа Лигата, а имаат и играч што се запиша во историјата на ова натпреварување

објавено: 23 февруари 2018 - 10:34

Шведскиот клуб Остерсундс ги собра симпатиите на неутралните фудбалски фанови, одигра одличен циклус во Европа Лигата, а имаат и играч што се запиша во историјата на ова натпреварување.

Хосам Аиш ја затресе мрежата на Арсенал во Лондон, ја најави сензацијата на Остерсундс и стана првиот Палестинец што дал гол во Европа Лигата. За него ова беше прв настап во нокаут фаза во ЛЕ, со што стана и првиот палестински фудбалер, кој играл во елиминациска рунда во европските купови.

И дебито го зачини со погодок, пред неверојатни 5 илјади симпатизери на Остерсундс, кои допатуваа во Лондон да го бодрат својот клуб и покрај поразот на првиот меч со 0:3.

Остерсундс се покажа како жилав противник, водеше со головите на Аиш и на Сема со 2:0 на „Емирејтс“ и опасно се закани со голема сензација. Сепак, Колашинац постигна гол за Арсенал и ги спаси „топчиите“ од маки и од можна елиминација.

Како и да е шведскиот клуб остави силен впечаток во дебитантскиот настап во Европа Лигата, а од вчера го имаат и првиот палестински фудбалер, кој постигнал гол во елиминациски меч во еврокуповите.

Најново во Меѓународен Фудбал