Резултатот во 48.минута од играта, изненадувачки, го отвори Сар, но 13. минути подоцна, израмни Перишиќ.
Во 78. минута пак, Aндреј Крамариќ собра еден „отпадок", и ја испрати топката во долниот десен агол од голот на Сенегал, за водство од (2:1) за фаворитот.
Фудбалерите на Швајцарија рутинерски ја победија Јапонија (2:0). Дадоа по еден гол во двете полувремиња. Прво, од пенал погоди Родригез, а во 82 минута, прецизен беше и Сеферовиќ, за потврда на добрата форма на „часовничарите".
Со голот на Вернер уште во осмата минута, и автоголот на Хавсави, кога се играше 43. минута, уште во првиот дел од играта, Германија го скрши отпорот на Саудиска Арабија.
Но гостите не се предаваа, и стигнаa до гол на „Бај Арената", и во 84.минута, по неуспешно изведениот пенал, ветеранот Ал-Џисим дојде до топката и ја спроведе во голот на германскито голман Мануел Ноер.
РЕЗУЛТАТИ:
Уругвај – Узбекистан 3:0, Тајван – Кенија 0:4, Азербејџан – Унгарија 3:3, Иран – Литванија 1:0, Хрватска – Сенегал 2:1, Швајцарија – Јапонија 2:0, Германија – Саудиска Арабија 2:1, Полска – Чиле (2:0 во тек)