МЛАДИОТ ГОЛМАН НА „МЕТА“ НА „МИЛАНИСТИТЕ“ И ВО ПОЛСКА

Почна „пеколот“ за ДОЛАРума (ВИДЕО)

Непријатна ситуација на средбата на „азурините“ против Данска на ЕП. Во голот на Италија фрлени голем број на лажни банкноти... 

објавено: 19 јуни 2017 - 08:30

„Пеколот“ за Џанлуиџи Донарума почна. И тоа во 35 минута од средбата Италија-Данска која се играше во рамките на ЕП за млади фудбалери „Под 21“ година во Полска.

Сосема изненадувачки, на голот на младата селекција на Италија кој го брани големиот талент, беше фрлен голем број на лажни банкноти, поради што овој меч беше прекинат, секако се додека безвредните хартии не беа тргнати од голот. 

Сето ова му се случува на младиот чувар на мрежата на „азурините“, откако одби да потпише нов договор со Милан, па од наредната сезона, како слободен играч, ќе си замине од Милано.

Нешто порано пред овој натпревар, „фан-групата“ на навивачи на Милан во Полска најави дека ќе дојде на овој натпревар, за да го провоцира „предавникот“ Донарума, кому и дефинитивно, не му беше нималку пријатно во тие моменти додека имаше прекин на играта. 

Најново во Меѓународен Фудбал