ЗВУЧИ НЕВЕРОЈАТНО, НО Е ВИСТИНИТО

ПОРАДИ ПОЛИТИКАТА: Иранците останаа „боси"

Репрезентацијата на Иран не го доби копачките од „Најки" во кои фудбалерите од таа зеја требаше да играат на Светското првенство во Русија поради санкциите кои САД ги воведе спрема Исламската република Иран.

објавено: 14 јуни 2018 - 15:50

Поради сето тоа, особено бесен беше селекторот на Иран, Карлос Квеирош.

„Играчите се навикнати на таа опрема, не е фер да менуваат некои работи на само една недела пред СП. Ние сме тренери, тие се само играчи, и не би требало да не ставаат во вакви ситуации. Ќе бараме од ФИФА да ни помогне" - рече Квеирош.

Неодамна, американската администрација ги прошири економските санкции кон Ира поради нуклеарната програма, а тие санкции значат дека американската компанија „Најки", мора да ја откаже доставата на фудбалските обувки на селекцијата на Иран кои ги чекаа во својот тренинг камп во Русија.
Во спротивно, „Најки" ќе се соочеше со остри казни кои ги пропишува администрацијата на Доналд Трамп.
Иранските навивачо побеснеа откако дознаа за оваа одлука, па на социјалните мрежи „поставуваа" клипови како уништуваат опрема со знакот на американската компанија за спортска опрема.

Најново во Меѓународен Фудбал