ЈА ПРЕМИНАА ЛИНИЈАТА НА НОРМАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ

ПОРАДИ СОЛУНСКИОТ СКАНДАЛ: ФИФА ја исфрла Грција?

Светската фудбалска федерација би можела да ја суспендира грчката федерација и да забрани настап во меѓународните натпреварувања поради неверојатниот инцидент на средбата ПАОК-АЕК...

објавено: 13 март 2018 - 09:00

Сопственикот на ПАОК Иван Савидис, незадоволен од одлуката на судиите да го поништат голот на неговиот тим во последните моменти од дербито против АЕК, влезе на теренот, им се закануваше на судиите, а со себе носеше и пиштол.

А како што пренесува „Би-Би-Си" ФИФА ја предупредила грчката федерација за евентуална дисквалификација доколку не обезбеди сигурност на мечевите на националниот шампионат.
Во текот на вчерашниот ден грчката полиција издаде налог за апсење на Савидис, но не поради поседување на оружје, туку за упад на теренот и учество во инцидентот.
А грчкиот министер за спорт Јоргос Василијадис после состамокот со премиерот Алексис Ципрас одлучи на неодредено време да забрани играње на мечеви во Суперлигата, а ФИФА и УЕФ го осудија инцидентот во Солун

Најново во Меѓународен Фудбал