СЕНЕГАЛ СЛАВИ СЕНЗАЦИОНАЛЕН РЕЗУЛТАТ (2:1)

„ПРАЗНА“ ПОЛСКА: Од автогол до катастрофа (ВИДЕО)

Се тргна наопаку за Левандовски и неговите соиграчи во 37.минута кога си дадоа автогол, а Нијанг само ја компплетираше сензацијата. Голот на Криковјак во 86 минута дојде доста доцна...

објавено: 19 јуни 2018 - 18:55

Се тргна наопаку за полскиот национален тим уште во 37.минута, кога по една добра акција на Сенегалците, и не толку силен шут, топката го закачи Чонек, и заврши во мрежата на голот на Полска.

За најава за сензација во режија на Сенегал.
А по точно еден час од играта, со голот на Мбапе Нијанг, Сенегал поведе и со (2:0). Пишчек се обиде да ја врати топката кон одбраната на Полска. Но пред да го стори тоа, не виде дека Нијанг е веќе на половината од нивното поле.

Сенегалскиот напаѓач немаше тешка задача и без проблеми го матираше противничкиот голман Војчех Шчесни, за удвојување на предноста од првото полувреме.

За Мбаје Нијанг ова беше прв репрезентативен гол за Сенегал, а го постигна буквално по првиот шут на голот на овој Мундијал.. 

Десетина минути подоцна Милик имаше одлична прилика да ја врати неизвесноста. Но неговиот удар од работ на шеснаесетникот заврши неколку сантиметри над гредата.

Но затоа пак во 86 минута, Криковјак реализира убав погодок. Во паѓање, ја зафати топката со глава, и ја смести во голот на сенегалскиот голман, кој беше немоќен да реагира. 

Судијата сакаше и го користеше ВАР системот, за да види, пред се дали имаше некоја офсајд ситуација. Но голот беше признат, за полска утеха...

 

Најново во Меѓународен Фудбал