НИКАДЕ ГИ НЕМА ГЕРМАНЦИТЕ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ

Расцветаа „лалињата"

„Панцирите" прво ги проби Ван Дајк, а ги дотолчија Депај и Вијналдум...

објавено: 13 октомври 2018 - 22:48

Во сериозна криза е селекцијата на Германија,особено видлива по завршувањето на Мундијалот во Русија, каде исто така беа далеку од добри.
Потврда, уште една, дојде вечерва, на дерби дуелот од „А" сегментот од Лигата на Нациите, во кој Холандија ги „легна" на земја избраниците на селекторот Јоаким Лев.
Победата на „лалињата" ја најави Вирџил Ван Дајк по половина час игра. А ја потврдија Мемфиус Депај на три минути пред крајот и Вијналдум непосредно пред последниот судиски свиреж од мечот.
Во делот „Б" се играше соседското дерби меѓу Словачка и Чешка, а победата ја однесоа гостите (2:1), со головите на се подобриот Крмечник и на Шик, додека во меѓувреме за Словаците погоди Хамшик. Другиот меч од оваа група помеѓу Ирска и Данска заврши со непопуларниот резултат (0:0).
Во „Ц" групата пак, Норvешка тешко го скрши отпорот на Словенија (1:0), а истото го направи Бугарија (2:1), во дуелот со не баш силниот Кипар.

ЛИГА НА НАЦИИ

РЕЗУЛТАТИ:
ГРУПА А
Холандија – Германија3:0
(Ван Дајк 30', Депај 87')
ГРУПА Б
Словачка – Чешка 1:2
(Хамшик 62' - Крменчик 52', Шик 76')
Ирска – Данска 0:0
ГРУПА Ц
Норвешка – Словенија 1:0
(Селнаес 45')
Бугарија – Кипар 2:1
(Десподов 59', Неделев 68' – Кастанос 41')
ГРУПА Д
Ерменија Гибралтар 0:1
(Чиполина 50')
Грузија – Андора 3:0
(Вако 33', 84', Канкава 90')
Летонија – Казахстан 1:1
(Карасаускас 40' – Заинутдинов 16')
МАКЕДОНИЈА – Лихтенштајн 4:1
(Трајковски 10', 30', Пандев 36', Алиоски 67' – Јилдиз 37')

 

Најново во Меѓународен Фудбал