Сега на ред е Европа Лигата

Реал Сосиедад најавува убава фудбалска журка со Вардар

Фудбалерите на Реал Сосиедад се апсолутни фаворити против Вардар, тоа го поткрепуваат со неверојатната победа од 6:0 во Скопје на првиот меч, а најавуваат убава фудбалска журка за во четврток

објавено: 30 октомври 2017 - 14:32

Фудбалерите на Реал Сосиедад се апсолутни фаворити против Вардар, тоа го поткрепуваат со неверојатната победа од 6:0 во Скопје на првиот меч, а најавуваат убава фудбалска журка за во четврток.

Ќе се игра на „Аноета“ во Сан Себастијан од 21,05 часот, а скопјани доаѓаат на забавата во скромно расположение. На Вардар не му оди ниту во домашното првенство, уште помалку во Л групата во Европа Лигата, но ќе се обиде да собере сили и да ја подрасипе најавената журка на домаќините. Реал Сосиедад брка трета победа во четвртиот меч во Л групата, а Вардар се уште е без бодови.

Најново во Меѓународен Фудбал