Нема да има продажба во Македонија

Русите минаа ефтино - Билетите за навивачите на Зенит чинат 600 денари

Навивачите на Зенит ќе можат да купуваат билети за мечот со Вардар во Скопје по привлечна цена од 600 денари, или точно 700 рубљи, а влезниците за нив ќе се продаваат само во Русија

објавено: 11 септември 2017 - 14:29

Навивачите на Зенит ќе можат да купуваат билети за мечот со Вардар во Скопје по привлечна цена од 600 денари, или точно 700 рубљи, а влезниците за нив ќе се продаваат само во Русија.

И ќе можат да се купуваат само денеска и утре преку он-лајн мрежата „tickets.fc zenit.ru“, или во просториите на клубот. Раководството на клубот обебзеди уште еден пункт, повторно он-лајн за симаптизерите кои не се од Санкт Петербург, и се од околината на овој град. Со напомена дека во Македонија навивачите на Зенит нема да можат да купат билет.

Мечот ќе се игра во четврток од 21,05 часот на „Филип Втори“ стадионот.  

 

Најново во Меѓународен Фудбал