МОРАШЕ ДА СЕ ИЗВИНУВА ПОСЛЕ МЕЧОТ

Салах даде гол во 90 минута, влезе во историјата, а потоа доби порака од едно девојче... (ВИДЕО)

Едно девојче, голем фан на Мохамед Салах остана без „домашна задача"

објавено: 17 ноември 2018 - 12:45

Едно девојче, голем фан на Мохамед Салах остана без „домашна задача“

Со транспарент на кој пишува: „Салах, те молам дај гол. Сакам да одам дома, затоа што имам домашна задача"- го воодушеви дури и режисерот на телевизискиот пренос од оваа средба. А нејзината фотографија почна да кружи низ социјалните мрежи.

Салах ја виде таа слика на Твитер, и од својот профил одговори:
"Навистина се обидував да те пушта да си одиш порано дома. Жал ми е што те задржав до последната минута. Се надевам дека утре твојот учител ќе ја разбере ситуацијата" – напипша „Фараонот Мохамед".
Египет славеше против Тунис со (3:2), а Салах го постави конечнити резултат буквално во 90.минута од натпреварот.

Со овој гол Салах стана третиот најдобар стрелец во историјата на египетската селекција. Засега има постигнато 39. Голови, а пред него сега се само уште Хасан Ел Шазли со 42, и Хосaм Хасан со 68 постигнати голови.

Најново во Меѓународен Фудбал