ИМА НЕРЕШЛИВА СИТУАЦИЈА, ПОВРЕДА НА ЗАДНАТА ЛОЖА

САМО ШТО ПОЧНА: Заврши Мундијалот за Џагоев?

Русите славеа голем побед аод (5:0) против Саудиска Арабија, но се чини дека многу загубија пред она што следува во наредниот период од Мундијалот.

објавено: 14 јуни 2018 - 19:45

Многу веројатно е дека овој светски шампионат е веќе завршен за играчот од средниот ред на Русија, Алан Џагоев, пренесуваат тамошните медиуми.
Играчот на московски ЦСКА сам се повреди уште во првото полувреме од дуелот со Саудиска Арабија, и според она што се виде на успорената снимка, се чини дека страдаше задната ложа.

„Мундијалот за Џагоев е готов. Не е ништо чудно што играчот го напушти теренот во солзи"- изјави докторот на московски Динамо, Александар Јардошвили.

Дваесет и седум годишниот Џагоев веројатно уште вечерва ќе оди на детални лекарски прегледи. Меѓутоа јасно е дека шансите да се опорави од ваква повреда пред крајот на првенството се навистина мали, без оглед на тоа до каде ќе стигне домашната селекција која мора да најде соодветно решение-замена за еден вака искусен и квалитетен играч од средниот ред.

 

Најново во Меѓународен Фудбал