Три натпревари во продолженија

Селта ја заврши работата, Андерлехт се избори за продолженија во Манчестер

Само шпанскиот тим ја одработи задачата во регуларните 90 минути. Манчестер јунајтед и Андерлехт завршија 1:1 и победникот ќе се одлучува во продолженијата

објавено: 20 април 2017 - 23:00

Екипата на Селта Виго е првиот патник во полуфиналето од Лигата на Европа.

Шпанскиот колектив одигра 1:1 на гостувањето кај Генк и со вкупен резултат од 4:3 се првите полуфиналисти. Велиме првите бидејќи сите останати средби ќе се одлучуваат во продолженијата.

Сензационално, Андерлехт успеа да одигра 1:1 со Манчестер јунајтед и се избори за екстра 30 минути.

Мхитаријан го отвори резултатот во 10 минута, додека одговор следеше од Хани. Голем проблем за домаќините е повредата на Златан Ибрахимовиќ кој во 90. минута мораше да го напушти теренот. "Ѓаволите" имаа неколку шанси за водство и победа, но Андерлехт некако одолеваше.

Бешикташ и Лион по регуларниот тек играат 2:1 а двата домапни погодоци беа дело на Бразилецот Талиска. Александар Лаказет привремено обезбеди реми за гостите.

Во дуелот меѓу Шалке и Ајакс, гостите беа сосем блиску до понатамошен пласман, бидејќи по првото полувреме резултатот беше 0:0. Но, Германците со два експресни гола на стартот од вториот дел, кои беа дело на Горецка (53') и Бургшталер (56') ги вратија работите на егал, бидејќи по првата средба, Ајакс имаше предност од 2:0.

Најново во Меѓународен Фудбал