Германците најдоброрангиран тим во 1/8-финалето

Шалке 04 со најдобар рејтинг, Манчестер јунајтед прв фаворит за круната во ЕЛ

Шалке 04 е најдоброрангираниот клуб меѓу 16. што останаа во игра за титулата во Европа Лигата, а прв фаворит за круната е Манчестер јунајтед. Денеска од 13 часот на ждрепката за осминафиналните двојки ќе има 4 поранешни освојувачи на трофејот во ова натпреварување

објавено: 24 февруари 2017 - 09:30

Шалке 04 е најдоброрангираниот клуб меѓу 16. што останаа во игра за титулата во Европа Лигата, а прв фаворит за круната е Манчестер јунајтед. Денеска од 13 часот на ждрепката за осминафиналните двојки ќе има 4 поранешни освојувачи на трофејот во ова натпреварување, потоа и 4 шампиони на своите држави, три белгиски состави, меѓу кои и Гент, екипата што ја елиминира Шкендија во плејофот и три клуба кои за првпат ќе играат во оваа фаза во ЛЕ.

Шалке 04 е највисоко рангиран на 14. место на клупската листа на УЕФА, пред Манчестер јунајтед, кој е 19. на последното рангирање. Бундеслигашот е меѓу четирите екипи кои го освојувале трофејот во ЛЕ, или во УЕФА купот како што порано се нарекуваше ова натпреварување. Тие го кренаа пехарот во сезоната 1996/97, а круната ја почуствувале и Ајакс, Андерлехт и Борусија Менхенгладбах. Токму составот од Менхенгладбах е единствениот со две добиени финалиња, а славеа во УЕФА купот во сезоните 1974/75 и 1978/79.

Најмногу екипи има од Белгија, точно три, а оваа земја во осминафиналето ќе ја претставуваат Гент, Генк и Андерлехт.

Победникот во ЛЕ ќе игра во Скопје на Супер купот на Европа на 8. август против новиот шампион на стариот континент, односно победникот во Лигата на шампионите.

Осминафиналисти во ЛЕ:

Шалке 04, Манчестер јунајтед, Ајакс, Борусија Менхенгалдбах, Гент, Генк, Андерлехт, Олимпијакос, Ростов, ФК Копенхаген, Рома, Лион, Селта, Бешикташ, Апоел, Краснодар.

 

Најново во Меѓународен Фудбал