ДАЛИ КОНЕЧНО СФАТИЈА?

ШВАЈЦАРЦИТЕ ПОРАЧУВААТ: Двојните државјанства се наш проблем

Секретарот на фудбалската федерација на Швајцарија Алекс Мајшер истакнува дека овој евидентен проблем би морал да биде решен што е можно побрзо...

објавено: 7 јули 2018 - 18:16

Швајцарија е позната како земја со голем број на мигранти, Некои од нив своето место го наоѓаат во младите репрезентативни селекции, за потоа да се определат за настапи во селекциите на земјите од каде потекнуваат.

„Двојните државјанства претставуваат пробле во сите сфери на швајцарското друштво, не само во фудбалот. Постојат социјални разлики и се прашувам дали Швајцарија може да постави некои граници? Да претпоставиме дека нашата селекција ќе игра на следното Светско првенство каде ќе бидат Босна, Хрватска, Албанија, како и некои земји од Африка. На добар дел од нив, низ сите овие години наназад, им направивме многу играчи, и со тоа треба да се престане" - јасен е Мајшер.

Мајшер не заборави да ја искоментира сцената од дуелот на неговата селекција против Србија, односно прославата на головите на Гранит Џака и Џердан Шакири.

„Нивниот гест не беше политичка провокација, но секако дека не беше 'бистра одлука'. Тоа беше една емоцијална реакција поврзана со семејната историја, но ја искомпликува ситуацијата, сосема беспотребно. Тоа ни говори дека постои проблем во нашата репрезентација и дека тој мора итно да биде решен".

На овој Мундијал во Русија, за Швајцарија настапуваа голем број на играчи од мигрантски семејства, претежно од просторите на Западен Балкан.

Најново во Меѓународен Фудбал