СУДОТ ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА АЛБАНСКИОТ ПРВАК

СИ ЈА ВРАТИЈА ПОНИШТЕНАТА ТИТУЛА: Скендербег ја победи албанската федерација!

Актуелниот албански шампион е казнет со десет години забрана за учество во европските клупски натпреварувања, но ја доби првата битка на судот.

објавено: 16 април 2018 - 22:45

Актуелниот албански шампион Скендербег е казнет со десет години забрана за учество во европските клупски натпреварувања, но ја доби првата битка на судот.

Европската фудбалска унија го казни албанскиот клуб со десетгодишна забрана за учество во европските натпреварувања, а Фудбалската федерација на Албанија пак им ја одзема титулата освоена во сезоната 2015/2016 поради наводно местење на резултати на преку 50 натпревари.

Судот за спортска арбитража пресуди во корист на Скендербег, чие раководство вложи жалба на казната за одземање на титулата од страна на албанската фудбалска федерација.
Судот одлучи во корист на клубоит затоа што било утврдено дека фудбалската федерација на Албанија не изложила доволно докази за своите тврдењеа при изрекнување на казната.
Казната на УЕФА и суспензијата засега остануваат на сила.

Најново во Меѓународен Фудбал