Македонија е 103-во светот на фудбалот

Скок од 32 места

Добрите игри и резултатите на последните два натпревари придонесоа македонската фудбалска репрезентација да направи скок од 32 места и да се се искачи на 103. место на ФИФА ранг листата.

објавено: 14 септември 2017 - 12:15

Одличните игри и резултатите на последните два натпревари придонесоа македонската фудбалска репрезентација да направи скок од 32. места и да се се искачи на 103. место на ФИФА ранг листата.

А како основни „причини“ се она и тоа како важна победа на гостувањето кај Израел во Хаифа (1:0), како и ремито на домашен терен, во Струмица, против подобро рангираната Албанија (1:1). 

Инаку, има промени и на самиот врв на ова алиста на ФИФА. Во првата „десетка", сега Германија е на првата позиција, и тоа пред селекциите на Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија. Во тоа високо друштво се уште и Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.

Најново во Меѓународен Фудбал