КОГА НАВИВАЧИТЕ НЕМААТ ОПЦИЈА, А САКААТ ДА ГО ГЛЕДААТ ТИМОТ

Србите ги молат Хрватите за да гледаат Партизан

Утрешниот меч меѓу Видеотон и Партизан може да не биде пренесуван во Србија

објавено: 23 август 2017 - 11:20

Партизан утревечер го игра реванш дуелот протв Видеотон, во рамките од плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. За жал на навивачите на Партизан, ниту една српска телевизија не ги откупила правата за пренесување на овој меч.

На националната ТВ станица на Србија ќе има пренос од дуелот Црвена Звезда - Краснодар, додека на вториот програм треба да се пренесува одбојкарскиот меч од Европското првенство меѓу Полска и Србија. Тоа значи дека нема простор кога да се дава пренос од реванш дуелот меѓу Видеотон и Партизан.

На првата средба во Белград, резултатот беше 0:0, што значи дека следи неизвесен возвратен меч. Навивачите на Партизан во очај за да го гледаат натреварот, побараа помош дури и од хрватската телевизија, ако може да се пренесува тој меч.

„Ало ХРТ спорт, браќа, ајде вие пренесувајте го Партизан" е само една од многуте пораки испратени до ХТВ.

Во слична ситуација беа и фановите на Вардар, но во последен момент ТВ-правата ги откупија од ТВ Нова.

Најново во Меѓународен Фудбал