ПО СОФИЈА, ХАЈДУК МОРА ДА ГОСТУВА И ВО БУКУРЕШТ...

СРБИТЕ ВО СТРАВ ОД „ТОРЦИДА": Пристигнуваат три илјади хулигани

Фудбалерите на Хајдук во четврток гостуваат во Букурешт, ги чека дуелот со Стеауа, возвратен од третото пределиминациско коло од Лигата на Европа.

објавено: 11 август 2018 - 08:30

А медиумите во Србија веќе стравуваат од навивачите на славниот хрватски клуб кои повторно би можеле да поминат низ нивната земја.
Имено, за средбата со бугарската Славија, дел од нивната навивачка група „Торцида" поминуваше токму низ српската територија. И притоа направија една скандалозна ситуација на една бензинска пумпа. Односно извршија голема кражба по која 27 од нив завршија во затвор.

За време на првенствениот викенд- меч, "Торцида" и пружи подршка на затворените хулигани, а за време на дуелот со Стеауа, му оддаде почест и на починатиот пејач Оливер Драгојевиќ со цитирање на неговата изјава за ненастапување во Србија.

"Тоа доволно говори за расположението на хрватските хулигани. Па јасно е дека српската полиција овојпат ќе мора да биде многу повнимателна, но и поспремна пред средбата Стеауа-Хајдук. За тој натпревар 'Торцида' ќе добие 2.750 влезници" – пишува српски „Телеграф" .

На првиот меч одигран на скоро полниот „Пољуд" во Сплит беше нерешено, без голови.

Најново во Меѓународен Фудбал