ПРОДОЛЖУВА СКАНДАЛОТ ВО ФУДБАЛСКА СРБИЈА

Судијата Обрадовиќ пуштен од притвор, ќе се брани од слобода (ВИДЕО)

Српскиот фудбалски судија Срѓан Обрадовиќ ќе се брани од слобода, затоа што во притворот оа Окружниот затвор во Нови Сад помина месец дена под сомнеж за злоупотреба на службената положба.

објавено: 13 јуни 2018 - 21:07

На натпреварот од Суперлигата на Србија помеѓу Спартак од Суботица и Раднички од Ниш, досуди крајно сомнителен пенал за домашната екипа за кој не постоеше никаков елемент.

Голема бука се дигна во фудбалската јавност на Србија по скандалот во Суботица, а реагираше и Високото јавно обвинителство во Нови Сад, кој му одреди притвор на фудбалскиот арбитар.

Дека Обрадовиќ е пуштен да се брани од слобода објавија повеќе медиуми во соседството, а истото го потврди и адвокатот на Обрадовиќ.
Во процесот против него се сослушани и сите сведоци, прегледан е и видео-материјалот, а останува да се види каков ќе биде епилогот на целиот случај.
Обрадовиќ е под сомнение дека со спорниот пенал му донел корист на суботичкиот суперлигаш, односно бодови.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал