АЕК ЛАРНАКА НА КРИЛЈАТА НА МАКЕДОНЕЦОТ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Тричко трипати асистираше, Тренчин трипати капитулираше...

Иван Тричковски се претвори во најдобар асистент во екипата на АЕК Ларнака, а Кипраните влегоа во групната фаза од второто според квалитет натпреварување на европската фудбалска федерација...

објавено: 30 август 2018 - 19:35

Иван Тричковски и АЕК Ларнака ќе играат во групната фаза од УЕФА Европа лига.

Кипарскиот тим стигна до убедлива победа од (3:0) во реванш-дуелот од последното елиминациско коло од Лигата на Европа против Тренчин.
Македонскиот репрезентативец не успеа да се запише во листата на стрелците на овој натпревар. Но затоа пак, несекојдневно, дури и за него, имаше дури три асистенции.
Тричковски учествуваше при постигнувањето на сите три гола на АЕК Ларнака. Два пати одлично го пронајде Јоану. Уште во првата минута, но и по 65.минути. Нешто „помеѓу" во 36.минута Тричковски го пронајде и Акоран, кој погоди за водство од (2:0).
Со оглед на тоа дека на првиот меч беше нерешени (1:1), тоа значеше и пласман на АЕК Ларнака во следната групна фаза од ова натпреварување.

 

Најново во Меѓународен Фудбал