ГРЧКИОТ ТИМ ВО АУТ

УЕФА го суспендираше Панатинаикос

Панатинаикос во следните три години нема да има право да се натпреварува во европските натпреварувања. 

објавено: 25 април 2018 - 10:50

Панатинаикос во следните три години нема да има право да се натпреварува во европските натпреварувања поради неисплатени долгови кон фудбалерите на тимот.

Од УЕФА на челниците на клубот им дадоа рок до 1.март да ги расчисти сметките кон играчите. Откако тоа не се случи Панатинаикос не само што заработи три годишна суспензија, туку и парична казна од 100.000 евра.

Грчкиот клуб кој има големи успеси во европските натпреварувања, во 1971 играше во финалето на Европскиот куп, а во 1985 и 1996 беа во полуфиналето. Оваа сезона беа елиминирани во плејоф рундата од Лига Европа.

Најново во Меѓународен Фудбал