ХОЛАНЃАНЕЦОТ ПРИСТИГНА ВО МАНЧЕСТЕР

Ван Перси: Да беше Ферги шеф, ќе играв за Јунајтед

Напаѓачот на Фенербахче, Робин ван Перси изјави дека се уште би играл за тимот на Манчестер јунајтед доколку Сер Алекс Фергусон беше во контрола на тимот

објавено: 20 октомври 2016 - 16:50

Ван Перси денеска ќе се судри со својот поранешен тим во дуел од Лигата на Европа, и се потсети на времето кога беше прогласен за најдобар играч на Јунајтед во 2012/13 кога тимот лесно ја освои титулата. Фергусон си замина на крајот на таа сезона, и Ван Перси се мачеше да најде место во тимот под Дејвид Мојс и Луис ван Гал.

„Да останеше Фергусон можеби и сега ќе бев играч на Манчестер јунајтед. Кога потпишав идејата беше да останам уште неколку години, но во фудбалот работите се менуваат бргу“, вели 33-годишниот Ван Перси.

Тој се обиде да го намали значењето на неговото враќање на Олд Трафорд.

„Тоа што се случи, се случи. Се ракуваш и одиш понатаму. Не сум романтичен човек кој мисли дека ’тоа беше најдоброто’. Јас ќе го направам мојот круг и ќе се подготвам за мечот“, вели Холанѓанецот.

Најново во Меѓународен Фудбал