СИТЕ САКААТ ВО РУСИЈА

ЗА 24 ЧАСА: Повеќе од 1.3 милиони барања за влезни билети

Првиот ден од почетокот на вториот круг од продажбата на влезните билети за СП 2018 година, ФИФА примила преку еден милион барања, објавија на официјалната страна на светската фудбалска асоцијација.

објавено: 6 декември 2017 - 18:10

Откако минатата недела беше извршена ждрепката на групите за Светското првенство во Русија следната година, од вчера тргна оној „втор круг" на продажба на влезници, а навивачите од целиот свет упатија 1.318.109 барања за влезници.

Овој втор круг трае заклучно со 31.јануари, 2018 година.
Ако до тој датум побарувачката го надмине оној планиран број на влезници, тогаш ФИФА со помош на ждрепка (со метод на случаен одбир) же ги одбере пријавените кандидати кои же с естекнат со право на купување на влезници.
Редоследот на пријавите нема да има влијание на одредување на правата, потсетуваат од ФИФА, па така е сосема сеедно дали барањето е поднесено на почетокот, средината, или на самиот крај на времето одредено за пријава.
Моментално, најмногу барања за влезници доаѓаат од Русија, додека пак од „странство" тоа изнесува 34%.
Досега, најмногу барања од оние други земји има од Аргентина, Перу, Мексико, САД, Колумбија, Бразил, Мароко, Египет, Кина и Полска.
ФИФА информираше дека во првиот круг на продажба се продадени 742.760 влезни билети, а и тогаш најмногу барања имало од Русија, а посебни бројки имало и од САД, Бразил, Германија и Кина.
Цената за странските купувачи за СП кое ќе се одржува во 11. градови во Русија се движат од 105 долари, додека пак за Русите многу помалку – 22. долари.

Најново во Меѓународен Фудбал